Психотерапија
Психотерапијата е долгорочен третман кој се фокусира на стекнување увид во хронични физички и емотивни проблеми. Таа е насочена на размислувањата на човекот, емоциите, минатите настани и како тие предизвикуваат проблеми во сегашноста.

Психолошко Советување
Психолошко советување е професионален облик на помагање на поединецот со цел постигнување личен раст и развој, запознавање, ослободување, прилагодување, прифаќање на реалноста и себеси, запознавање на личните потенцијали и спротивности и ослободување од различни инхибиции.
Психодијагностика
Психодијагностиката ги опфаќа истражувачките дијагностички задачи кои клиничките психолози ги вршат со примена на психолошки мерни инструменти. Психодијагностичкиот процес се одвива во две меѓусебно поврзани фази:
1.Натуралистичка експлорација (интервју и опсервација) 2.Користење на психолошки средства ( тестови, техники и скали на проценка)


Невропсихолошка дијагностика
Невропсихолошката дијагностика вклучува испитување на мозочните функции и откривање на пореметувањата во когнитивното функционирање, како и проучување на влијанието на болестите или на лезиите на мозокот врз однесувањето.
Твоето здравје е во сигурни раце
можам да ти помогнам при стрес/анксиозност/депресија, Емоционални потешкотии, Кариерно советување, проблеми во училиштето, брачно и семејно советување, медицинска рехабилитација